Компанијата „Американ ерлајнс“ соопшти денеска дека и по 5 јуни ќе ја продолжи одлуката за откажување 90 летови дневно на авиони од типот „Боинг 737 Макс“, по две несреќи за пет месеци.
Продолженото откажување од страна на најголемиот американски авио-превозник е последен сигнал во низата дека овој авион на „Боинг“ нема наскоро да се врати во употреба.
„Американ ерлајнс“ на 24 март соопшти дека до 24 април ќе откажува по 90 летови.
„Боинг“ во петокот соопшти дека планира да го намали производството за 20 отсто,што месечно изнесува 737 авиони.