Четиригодишно девојченце му го спасило животот на своето двомесечно братче , додека покрај неа лежеле мртвите родители.

Истрагата утврдила дека таткото на девојчето на 11 април ја убил нејзината мајка , а потоа си пресудил со пиштолот. Семејни пријатели на 14 април ги пронашле децата во нивниот дом во Лос Анџелес , додека телета на родителите биле во спалната соба на катот. Децата биле неповредени , но дехидрирани и гладни. Член на семејството јавил во полиција дека не може да ги добие на телефон 46 годишниот Дејвид Парс и неговата сопруга 38 годишна сопруга Михоко.

Полицајците дошле на 14 април да проверат , но бидејќи не забележаленишто сомнителнио , се вратиле. По извесно време, блиски пријатели , кои имале клуч од куќата влегле внатре и набргу ги нашле дечињата на приземјето.

,,Нашиот мал ангел успеа да преживее и да го одржи во живот своето братче. малото девојче е херој . Апсолутен херој“ изјави директорката на полицијата од Лос Анџелес, Морин Рајан.

На прес конференцијата во вторникот , градските власти изјавија дека децата сега се добро и дека за нив се грижат социјалните служби. Пријателите , кои ги нашле децата изјавија дека , кога ги нашле децата , девојчето им рекло дека родителите спијат горе , но дека се повредени.