Две лица се тешко повредени во сообраќајка што синоќа се случи на автопатот Скопје-Куманово, кај клучката Аеродром – Скопје.
Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа во 21,10 часот во Скопје, на клучка „Аеродром-Скопје“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Д. (25) од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.С. (58) од Куманово.
Во незгодата возачот од возилото „фолксваген голф“ А.Д. и совозачот Т.М. (26) се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.