Во два посебни случаи вчера околу пладне две повозрасни лица од Скопје пријавиле во полиција дека биле каснати од кучиња скитници, според билтенот на МВР.

На 04.05.2019 година во 14.30 часот во Полициската станица Центар, С.К.(74) од село Марино, скопско, пријавил дека на 03.05.2019 година околу 16.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

Истиот ден во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Т.(66) од Скопје пријавила дека на 03.05.2019 година околу 21.20 часот на булевар „АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.