Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос како претставник на грчката влада, ќе присуствува на инаугурацијата на Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина.
– Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. – соопштуваат од грчкото МНР.