Министрите за финансии на еврозоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма.

– Имаме договор со Грција, изјави синоќа неименуван европски претставник по шестчасовната средба во Луксембург на министрите за финансии од евро зоната.

Согласно договорот европските кредитори ќе и доделат на Грција 15 милиони евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.

Пакетот што означува крај на третата програма за спас на Грција има за цел да гарантира дека долгот на земјата е одржлив и дека Атина нема да се откаже од реформите.

По излегувањето програмата Грција ќе биде под стрикно европско набљудување, и под многу поголема контрола од што беа Португалија, Кипар и Ирска.

За осум години Грција доби над 273 милијарди евра помош од кредиторите, евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд во рамките на трите програми за спас.

Бруто домашниот произвор во Грција минатата година забележа раст од 1,4 проценти, а за годинава се предвидува раст од 1,9 отсто, додека за следната – 2,3. Во исто време Грција бележи и суфицит во буџутот од 0,8 проценти откако во 2009 година имаше дефицит од 15,1 отсто.

– Договорот за крај на сегашната програма за спас на Грција е историски момент, истакна еврокомесарот за економија Пјер Московиси.

Грчкиот министер за финансии Евкладис Цакалатос истакна дека е задоволен од договорот со кој се става крај на осумгодишното штедење и реформи.