Претседателот на Венецуела Николас Мадуро повика на предвремени избори за ново Национално собрание кое во моментов е под контрола на опозицијата, чиј лидер е Хуан Гуаидо.
Според шефот на државата, неговиот предлог има за цел решавање на политичката криза во земјата.
– Денеска и предлагам на опозицијата – да се соочиме на избори. Да спроведеме предвремени избори за Националното собрание, за да видиме кого поддржува народот, повика Мадуро на протест.
Тој истакна дека тие избори ќе доведат до „демократско, мирно и уставно решавање“ на тешката политичка ситуација во Венецуела.
Следните избори за законодавното собрание треба да се одржат на крајот од 2020 година. Мадуро засега не посочи конкретен датум за ново гласање.