Невладината организација „Спасете ги децата“ ја предупреди меѓународната заедница за можноста за нова хуманитарна криза во Сомалија, каде што повеќе од еден милион деца ќе страдаат од глад поради суша, доколку ништо не се направи.
– Знаеме дека ќе има деца меѓу жртвите, ако не направиме нешто веднаш, предупреди директорот на организацијата во Сомалија, Тимоти Бишоп.
Повеќе од два милиона Сомалијци немаат доволно храна, а стотици илјади деца веќе страдаат од неухранетост поради сушата што ја погоди земјата.
– Следува период на суша, а четири милиони луѓе нема да имаат доволно храна, од кои 1,2 милиони деца се под пет години, предупреди организацијата „Спасете ги децата“.