Во Владата се множат советници на премиерот, ама и вицови на сметка на бројните советници со „важни врски со значајни политичари и влади во странство“, советници за привлекување странски инвестиции итн.
Еден од најновите вицови што се врти на социјалните мрежи е за Алекс Ружин, новиот советник на Зоран Заев, инаку син на поранешниот амбасадор и актуелен ректор на ФОН, Нано Ружин.
Еве го вицот:
Телефонски повик во Владата.
– Имаме важен повик за Алекс Ружин!
– Заев?
– Не…
– Уште поважно? Меркел?
– Не е Меркел.
– Не е белки Трамп!?
– Не е, поважно, дај го Ружин…
– Ало, овде Ружин на телефон.
– Здраво Алек, мамичка, да не заборавиш да ручаш. Денеска те барав и биди добар со другарчињата од Влада. Те видов на ТВ убо беше исчешлан.