Тимот на Веспрем за кој настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе игра во финалето на ракометната Лига на шампиони, откако денеска во полуфиналето го совлада Киелце со 33:30.
Манасков не се запиша во листата на стрелци на овој натпревар
Тренер на унгарската екипа е Давид Дејвис кој изминатите сезони беше дел од стручниот штаб на машката и на женската екипа на Вардар.
Токму вардарци, од 18 часот во второто полуфинале на завршниот „фајнакл фор“ турнир во Келн ќе се сретнат со Барселона.