Грегор Цилка, сопругот на Катерина Цилка, една од двете жени од познатата афера „Мис Стон“ во 1903 година, во Чикаго во САД, агитирал за помош на Илинденското востание.
Катерина Цилка и Елен Стон се двете протестантски мисионерки што биле грабнати во 1901 година, односно две години пред Илинденското востание.
На фотографијата под текстот, во средината, е Катерина Димитрова Стефанова, родена од Банско во Пиринска Македонија. Таа се школувала во САД и во Њујорк се омажила за Григор Марко Цилка и по сопругот го зела презимето Цилка.
На фотографијата Катерина е во Банско со нејзини другарки, како девојка.
Катерина и Мис Елен Стон беа протестантски мисионерки кои на 21 август 1901 година помеѓу Рила и Пирин Планина, на пат од Банско за Горна Џумаја и за Самоков беа киднапирани от македонските комити на чело со Јане Сандански и Христо Чернопеев.
Со таа акција освен средства, Македонската револуционерна организација доби и популарност ширум светот. Така светот дозна за тешката состојба на македонскиот народ и за борбата за слобода и слободна македонска држава.
Двете дами беа ослободени, живи, здрави и неповредени, на 2 февруари 1902 година во струмичкото село Градошарци откако турските власти дадоа откуп за слободата на двете жени 14.500 турски златни лири, пари со кои требаше да се набави оружје.
Со дел од тие пари, Сарафов и Делчев ги помогнале и гемиџиите за познатите солунски атенатати, наспроти острото противење на Даме Груев и Иван Гарванов. Според зборовите на Ѓорче Петров, голем дел од тие пари, наместо за оружје, биле употребени за борба против врховистите. Инаку, дене, парите добиени од откупот би вределе најмалку два милиони долари.
Во прилог фотографијата од Цилка како девојка и исечок од американски весник од кој се гледа дека нејзиниот сопруг Грегор Цилка агитирал за помош на македонските востаници.