Повеќето корисници на социјалните мрежи претпоставуваат дека најверојатно кучето трча за да го стигне сопственикот кој го оставил.

Тажната сцена е снимена на преминот Караула, помеѓу Олово и Кладња.

Имено, на снимката поставена на Фејсбук, се гледа куче како трча на средината на патот, не обаќајќи внимание на бројните возила кои минуваа.

– Неколку пати го тргав од патот, му понудив вода, храна, за да му ги свртам мислите од лудата идеја. Залудно. Ќе издржи половина минута со мене и пак ќе продолжи како хипнотизиран. Кога го зедов еднаш во моите раце за да го однесам некаде на побезбедно место, тој тргна да ме гризне, од стеав, веројатно. Тунелот не го спречи. Знаејќи колку брзо овде се вози и дека никој од возачите нема да очекува таков патник на патот, успеав некако да го „извлечам“ . Кој знае што е во главата на ова куче – напиша Елмир Хуремовиќ, кој објави снимки од настанот.

Повеќето корисници на социјалната мрежа коментираат дека кучето трча за да го стигне сопственикот кој го оставил.

– Тие се многу паметни, можат да се вратат дома иако стотици километри одалечени. Тажна сум од злобната судбина на ова невино суштество кое само знае да сака. Малку сум среќна, го оставиле на патот, а тој сака да ги стигне. Јас вакви работи не сакам ниту да гледам. Можеби трча по автомобилот на газдата, бидејќи видел каде заминал. Сирото куче -се само некои од коментарите на корисниците на Фејсбук.