На Градската автобуска станица во Куманово вчера лицето Т.А. (61) паднало од скеле во висина од два метри при изведување градежни работи.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.