Јани Бојаџи

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица го зазема централниот простор на градот. Гоце Делчев и неговиот огромен монумент (најголем на светот) се синоним за Струмица, воопшто! И сега?

Овој споменик мора да се тргне, веднаш! Таков споменик на бугарски револуционер во Струмица е синоним за две работи:

1. Струмица е град во Бугарија, однсоно тоа е бугарски животен простор.
2. Тој споменик е претензија кој бугарската историја, култура и традица.

Во двата случаји треба да го нема!
Каков пресврт драги мои!

Десет години не утепаа антиспоменичките СС елити на црвената буржоазија дека ќе ги рушат спомениците на Груевски, сега ќе треба да ги туркаат спомениците што ги кревале нивните татковци и дедовци!

Почнува да станува и смешно. Тоа ми дава надеж дека целата работа ќе има пресврт во гротеска која на крајот ќе има Тарантиновски крај, па откако ќе ги срушат сите споменици, ќе изградат сопствени, ќе си ги кренаат и на крајот самите тие ќе си ги срушат!

Какво време за творештво!