Да не е трагична економската состојба во државата и на граѓаните, прес конференцијата на Ацевски би била многу комична.
Граѓаните се уште не знаат како да ги потрошат парите од укинатата радиодифузна такса, а веќе ќе треба да размислуваат каде да ги насочат парите од проектот Мој ДДВ со кој што едно семејство месечно ќе има поврат од само 156 денари, додека годишно ќе има 1872 денари наместо ветените 30.000 денари со кои ќе требаше да си платат годишен одмор.
Оваа мерка однапред носи негативни последици затоа што ќе го загрози полнењето на буџетот и ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите, а од неа корист единствено ќе имаат само најбогатите.
Власта доколку сака навистина да им помогне на граѓаните треба да ја укине акцизата на нафтата, да го врати рамниот данок, и да стимулира намалување на цените на мало, како и да се фокусира на реални капитални инвестиции кои ќе донесат бенефит за граѓаните.
А информацијата дека аболицираниот криминалец ќе биде министер за финансии и премиер само ги потврдува стравувањата дека економијата и понатаму ќе тоне, а кланот Заеви ќе бидат уште еден чекор поблиску до народните пари од буџетот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ