Албанскот изборен колегиум,соопшти дека утре ќе одлучува за судбината на локалните избори на 30-ти јуни, со што ќе се стави крај на судирот меѓу парламентот и претседателот за законитоста или не на уредбата на претседателот Илир Мета за одложување на изборите.
Претседателот Илир Мета и опозицијата тврдат дека уредбата за одложување на изборите е целосно во согласност со Уставот и мора да се спроведе од сите, додека владејачкото мнозинство ја смета за неуставна и затоа започна постапка за разрешување на претседателот.
Претходно Централната изборна комисија (ЦИК), со исклучок на претседателот Клемент Згури, донесе одлука со која не ја призна уредбата на шефот на државата и продолжи со подготовките за спроведување на изборниот процес на 30-ти јуни. Од друга страна, опозицијата и Претседателот им се заканија на членовите на ЦИК со кривични пријави.
Во вакви околности, петчлениот изборен колегиум треба да го каже последниот збор за судирот без преседан во историјата на албанскиот плурализам.
Колегумот го „активира“ претседателот на Партијата за национално единство, Идајет Беќири. Адвокатот Беќири првично побара од ЦИК да ја избрише неговата партија од изборите,за кои беше навреме пријавена и регистрирана. Беќири барањето испратено до ЦИК го аргументира со фактот дека изборите се одложени со уредба од шефот на државата и истата веќе е објавена во Службен весник, со што истата е во сила.
Но, барањето го отфрли ЦИК, со напомена дека изборите ќе се одржат на 30-ти јуни,по што Беќири барањето го испрати до Изборниот колегум,кој одлучи барањето да го разгледа утре, 24 јуни.
Доколку овој орган,кого го нарекуваат и изборен суд, го прифати барање на Беќири за бришење на Партијата за национално единство од изборите, тоа ќе значи дека уредбата на Мета за одлагање на изборите е законска и како последица на тоа нема да има избори на 30 јуни. Во спротивно, ако ја потврди одлуката на ЦИК да не го прифати барањето на Беќири, ќе ја потврди незаконитоста на уредбата на Мета со што се отвора патот за изборите на 30-ти јуни.
Членови на Иборниот колегум се судиите Астрит Калаја,Ридван Хадо,Томор Скерли,Артур Малај и Лндта Снанај.
МИА