Кипарскиот Грк, воен капетан, осуден е на седум доживотни казни откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца.

Никос Метаксас (35) се изјасни за виновен по 12 точки поврзани со убиства со предумисла и киднапирање на седум лица, кои дошле од Филипини, Романија и Непал во период од две години. Двете убиени девојчиња, на возраст од шест и осум години, биле ќерки на убиените жени.

Убиецеот на денешното изрекување на казната дојде без адвокат, а при читањето на обвинението почна да плаќе.

– Извршив одвратни злосторства, рече поранешниот капетан, изразувајќи сочуство на семејствата на жртвите.

Извршителот е разведен татко на две деца. Жртвите, кои работеле како домашни помошнички, ги пронаоѓал на Интернет и ги убил во периодот меѓу септември 2016 и август 2018 година.

Началникот на полицијата доби отказ, а министерот за правда поднесе оставка по протестите поради лошо спроведената истрага, при што исчезнувањето на жените не се сфаќаше сериозно бидејќи исчезнатите жени биле од странство.