Два германски воени авиони Еурофајтерс штотуку се судрија и паднаа во Муритц регионот во северно-источна Германија, јави Би-Би-Си.

Двајцата пилоти се катапултирале, јавиле локалните медиуми, но еден од нив загинал.

Еден од авионите паднал вп шумата додека другиот паднал 10 км недалеку од еднео село, изјавил министерот за вантрешни работи на државата Мекленбург Западна Померанија.

Преживеаниот пилот бил пронајден од спасувачките тимови како виси закачен за едно дрво.

Германските медиуми известуваат дека со бројни полициски службеници, два сопствени и еден полициски хеликоптер од Бранденбург, неколку кучиња и полициски службеници, претставници на воената полиција, полицијата за брза интервенција со кучиња за трагање и спасување биле интензивирани мерките за пронаѓање на вториот пилот. Во 15:50 часот, делови од телото биле пронајдени во близина на Силц.

Судирот се случил во 14 часот, за време на вежба во која учествуавал уште еден авион. Третиот пилот е всушност сведок на судирот и известил дека видел два падобрана.