Македонија е европски вицешампион во загаденост со ПМ 2,5 честички на метар кубен, покажува ранг листата на загаденост на земјите во Европа.
Шампион во загаденост е Босна и Херцеговина, а позади Македонија се Косово, Бугарија, Србија итн.
Оваа ранг листа се врти на социјалните мрежи, а граѓаните се прашуваат: Што се случува со Македонија?
– Диви депонии, нови рудници, откопи, мали хидроцентрали, увезен отпад од западњаците кои за луѓе не не сметаат? Толку убава беше Македонија, прекрасна природа, чиста вода, една мала грутка земја во отров ја претворивте поради провизии, лични профити, глупаци! Големите луѓе знаат да кажат не, малите си мислат на провизиите, коментира на Фејсбук Ана Глигорова, под оваа ранг-листа.