Најмалку 40 луѓе загинаа и 80 се ранети во воздушен удар врз центар за мигранти во либискиот главен град Триполи.
Според претставник на центарот, нападот бил извршен од силите на Халифа Хатар кои од пред три месеци се обидуваат да го заземат Триполи.
Во Триполи е базирана меѓународно признатата влада на национално единство на премиерот Фаез Сараџ. Во момент на нападот во центарот имало над 120 мигранти.