Четворица припадници на МВР се повикани да дадат исказ во Обвинителството. Распитот се уште трае. Од обвинителството потврдија дека се врши распит, и дека на полицајците им се им се одземени мобилните телефони. Повеќе информации најавуваат за утре. Неофицијално, полицајците се повикани да дадат исказ под сомнение дека одавале тајни податоци, прибавени од посебни истражни мерки,а во врска со случајот „Поткуп“. По нивното сослушување ќе се знае нивниот статус во случајот.

Во меѓувреме се огласи и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој потврди дека на распит се повикани четворица полицајци, но негираше дека  тие се дел од неговиот тим.

-Станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено какви било решенија од моја страна, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.