Зоран Заев соопшти дека контактирал со српската премиерка Ана Брнабиќ и дека упатил и втора молба до „Фајзер“ за согласност да се извезат од Србија 8 000 вакцини кои Србија ни го подари. Владата, рече Заев, ургирала преку Министерството за здравство и верува дека ќе биде одобрено.
Вакцините што ни ги отстапува Србија би требало да стигнат најбрзо и пред другите од трите механизми и, според Заев, тие ќе бидат доволни за здравствените работници кои работат во ковид-центрите.
Во средината или втората половина на февруари, рече Заев, се очекуваат да стигнат и првите дози од вакцините за кои склучивме договор директно со производителот „Фајзер“.
Во информацијата нема одговор што станало со првата молба на Заев до Фајзер, а веќе упатил втора молба!