На денешната прес конференција, по седницата на Советот за безбедност, прашан за средбата со Македонците од Бугарија чија национаност тој избеган да ја спомене, Пендаровски објасни дека на средбата со ОМО Илинден Пирин им дал директен одговор дека не може да им наложува на бугарските институции што да прават затоа што тие се државјани на Бугарија. Но, исто така порачал дека и за Бугарите кои живеат во Македонија надлежни се македонските институции, а не бугарските.
„Им реков : ‘Јас можам да ве лажам, јас можам да добивам популистички поени и рејтинг во јавноста да градам и да кажам, јас сега ќе ви помогнам тоа што не сте го направиле досега па место бугарските институции јас ќе ви ги овозможам тие права’. Тоа би било огромна измама од моја страна и не сакам да играм дупло со тие луѓе кои се прилично измачени по трагањето по своите човекови слободи и права децении наназад“, рече Пендаровски.