„Македонија, за жал, влегува во четвртиот бран на пандемијата КОВИД 19. Се соочуваме со вирус што предизвика смрт, инвалидитет и економска штета низ целиот свет, но нашата најголема несреќа е хаотичниот пристап на Владата, лошото управување на Министерството за здравство и несоодветните и често аматерски одлуки на Комисијата за заразни болести.
Алијанса за Албанците и Алтернатива од почетокот имаа сериозен и професионален пристап, но и со конкретни критики и предлози ја следеа „чумата“ на 21-ви век. Губење на времето е заеднички именител на работата на релевантните институции и нај не хумано се популистичките политики и стекнување ниски политички поени на сметка на јавното здравје. Несоодветноста и нискиот капацитет на Владата за справување со природни катастрофи се докажа и за време на поплавите и пожарите што се случија во последните недели.
Иако Светската здравствена организација предложи сите држави да бидат претпазливи во ублажувањето на мерките против ковид, Владата продолжи со старата навика и ги игнорираше овие предлози. Управувањето со масовната вакцинација на населението, исто така, пропадна поради недостаток на вакцини и погрешни политики за подигнување на јавната свест за предностите и придобивките од вакцинацијата против вирусот САРС Ков 2.
Сведоци сме дека последните денови бројот на заразени со Делта сојот или Индиската мутација расте кај голем број на граѓани во Македонија. Наоѓајќи се во незавидна ситуација, Владата одлучи да објави нови рестриктивни мерки преку одредени услови. Условеноста се претвора во обврска, затоа новите владини мерки со кои се „овозможува“ на граѓаните да ги уживаат своите права под услов да бидат вакцинирани, не се ништо друго освен камуфлирана задолжителна обврска под услов, со која се зголеми скептицизмот и негативно влијае на економијата на земјата.
Оваа задолжителна вакцинација го зголемува стравот на граѓаните за да ја прифатат вакцината, додека исто така е спротивно со основните човекови права. Во овој поглед, се крши правото на слободен избор на граѓаните, додека граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат се дискриминирани и нивните права гарантирани со закон се кршат. Исто така, од неуспешните мерки на оваа влада, граѓаните стануваат посиромашни, додека економијата на земјата е во постојан пад“ се вели меѓудругото во соопштението од Алијанса и Алтернатива.