На граѓаните од полошкиот регион, по покачувањето на минималната плата, им се прекинаа детските додатоци, вели Арбен Зеќири од Алијанса за Албанците.

Владата на СДСМ-ДУИ со ова удира на најранливата социјална категорија, во време на тешка економска криза. Алијанса за Албанците ги повикува Владата и одговорното соодветно Министерство итно да ја исправат оваа неправда и да ги исплатат сите суми што им следуваат со закон. Во спротивно ги повикуваме граѓаните да ја тужат државата“, додава тој.