СДСМ-ДУИ го одбија предложениот амандман на Алијанса за Албанците за зголемување на платите во образованието, па сега леат крокодилски солзи, се вели во денешната реакција на Алијансата на Албанците.
Плачот на СДСМ за вработените во образованието го сметаме за неискрен и за обид на манипулација со илјадници вработени во овој сектор. На оваа Влада не и е грижа за наставниците и нивниот економски статус, туку се труди со театрални сцени во Собранието да ги сокрие нејзините неуспеси.
Да беше оваа власт искрено загрижена за вработените во образованието, ќе требаше да го прифати амандманот на пратениците на Алијанса за Албанците со којшто се предвидува усогласување на платите во образованието и другите јавни сектори согласно со зголемувањето на минималната плата. Ние го поддржавме зголемувањето на минималната плата, но коалицијата СДСМ-ДУИ во комисијата за труд и социјална политика, гласаше против нашите амандмани и против зголемувањето на платите во образованието.
Алијанса за Албанците ги повикува пратениците на мнозинството и Владата да престанат со театарот и измамата. Да седнеме и заеднички да одлучиме да ги зголемиме платите на наставниците и вработените во секторот за образование и истовремено тие да престанат со злоупотребите и луксузирањето на нивните функционери.