Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрини, добил над 39 отсто од акциите без да инвестираат ниту цент.
Обвинителството во ексклузивен одговор за Алсат вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста.
„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според гласовите во јавноста за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), се наведува во одговорот на Обвинителството.