Пет дена откако беше избран за шеф на обвинителството за организиран криминал кариерата на Ислам Абази продолжи да напредува.
Како што објави ТВ Телма, Советот на јавни обвинители го предлага да биде и член управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители каде неговата сопруга треба да полага завршен испит. На денешната седница го предложил заменик претседателот на Советот Арбер Исаку а останатите членови го изгаласал.
Токму сопругата на Абази ја привршува обуката на Академијата која е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до крајот на годината со колегите од генерацијата треба да полага завршен испит, пред да може да биде избрана за судија или обвинител.
Претседателот на Советот на јавните обивнители Антонио Јолевски во телефонски разговор за Телма вели дека немал информација оти сопругата на Абази е на обука во Академијата и покрај тоа што медиумите известуваа за тоа и тој самиот потврди во првата изјава по изборот. Јолевски најави дека ќе провери и доколку е така смета дека постои судир на интерес и во понеделник на седницата ќе предложи измена на одлуката
Освен Абази за член на УО, избрана е и Фиданка Рајевска која е член на советот на јавни обивнители, од редот на обивнителите а како заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.
Извор: ТВ Телма