Браќата Абдулкерим и Менсур Мустафа од Патишка Река, се загинатите во Чаир додека вршеле ископ за водовод. Тие заедно со својт зет и нивниот татко багерист вршеле ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација.

Копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале браќата и зетот, се срушил дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место.