Илинденската коњаница која традиционално секоја година маршира од скопско Лисиче до Крушево по повод годишнината од Илинденското востание вечерва нема да преспие во Градскиот парк во Велес, бидејќи тоа не им било дозволено од градоначалникот на општината, Аце Коцевски.

Претставникот на Илинденски марш вели дека не успеале да најдат заеднички јазик со градоначалникот.

-Тоа што не најдовме заеднички јазик со градоначалникот е негов грев, не е наш. Знаат граѓаните дека градоначалникот не дава поддршка на оваа Коњаница, но важно е дека граѓаните со собраа во голем број, и ние сме горди на тоа што го правиме денес. Ова е голем ден за нас, рече претставникот на Коњаницата.

Вели дека најважно е граѓаните сплотено да го празнуваат 2. Август. Тој посочи дека Коњаницата наместо во Велес ноќта ќе ја поминат во селото Теово.

Инаку, Илинденската коњаница традиционално секоја година ноќта ја поминува во Градскиот парк во Велес.