Виолета АЧКОВСКА
Да не ги слушнев бугарските “експерти” не ќе знаев дека постоеле вештачки нации. И само се прашувам кои се тие невештачките: американската, француската, германската, белгиската, бугарската?
Заговорниците на “вештачка” нација прво нека научат методологија па после нека толкуваат историја. Во нивните глави е вистински хаос од синхронијата на хронолошкото и дисинхронијата на историско- социјалното време. Смешни, жални, агресивни напади и навреди кон македонскиот народ.
Но, не се виновни тие што се’ уште живеат во 19 век, туку оние кои се сложуваат да ни биде скршен ‘рбетот или пак имаат интерес Македонците да бидат избришани од картата на народите.
ЕУ одамна ги погази принципите кои официјално ги декларираше, особено одредбите на КЕПС.
И не е вредно да се стане нејзин член со жртвување на име, идентитет, историја. Како безлична маса никој нема да не’ почитува.
Затоа ние Македонците да си го вратиме достоинството, а Европа изворните вредности на европеизацијата која сега е потоната во балканизација.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!