АД Електрани на Македонија официјално годината 2020 ја завршува со загуба од минус 16,8 милиони евра, покажуваат официјалните податоци.
Најголемиот произведувач на електрична енергија во земјата минатата година остварил приходи од 195,4 милиони евра, што е поомалку за 5 отсто во однос на 2019.
Од друга страна, кај двете компании на ЕВН се забелеќува загуба и добивка. „Хоме“ има приход од 277,3 милиони евра, пто е зголемување за 102 отсто, но сепак загубата е 11,9 милиони евра, додека „Електродистрибуција“ има 153,2 милиони евра продажба, односно раст од 5 отсто и 4,5 милиони евра профит.
Извор:Фактор