Министерот за образование Арбр Адеми денеска на собраниската седница за пратенички прашања побара да не се политизираат одредени прашања во воспитно-образовниот процес како што е проблемот со настава за 11 деца Албанци во Идризово.

-Нашата заложба како Влада е да се избегнат вакви ситуации на поделба. За жал вистина е, бидејќи имаме училишта каде во прва смена учат деца Албанци, а во втора смена учат деца Македонци, или пак, има училишта каде има два влеза. На едниот влегуваат децата Албанци, на другиот улениците Македонци. Ова е за жалење, но навистина претставува предизвик за целото политичко раководство, на централно или на локално ниво, да ги убедиме овие лица кои го отфлаат овој концепт за кој сите ние зеднички се залагаме и да не претствуваат пречка во нашиот пат децата да учат заедно, рече Адеми.

Одговарајќи на прашање од пратеничката Арта Точи, тој нагласи дека лично се сретнал и разговарал со жители од Идризово и од Јурумлери, и оти за 11-те ученици Албанци од 6-то одделение ќе им се обезбеди настава на мајчин јазик, било преку обезбедување превоз или друг модус за кој се определиле како привремено решение. Постојаното решение, додаде ќе биде изградба на ново училиште во Идризово, што и било барање на жителите од ова село од порано, а за што има одобрение и од Владата. Процесот на изградба ќе трае подолго време, рече министерот за образование и посочи дека Општина Гази Баба презела обврска да ја изготви техничката докумнетација, да издаде дозвола за градење и за пренамена на локацијата, а МОН откако ќе ја добие целосната документација ќе објави јавна набавка за реализација на изградба на новиот училишен објект.

-Тоа што ме изненади е што родителите Македонци од Идризово побараа да не се делат децата, тоа е во рамки и на нашите активности како Министерствпо и Влада да не се создаваат стереотипи, туку заеднички да гио опдржуваме наставните процеси со цел поодобро да се запознаеме и изградиме социјална кохезија, што ни доликува како земја, забележа Адеми.

За проблемот со учениците од село Долно Блаце кои посетуваат настава во соседната општина во Косово, ќе се реши со изградба на ново училиште, за што, истакна, техничката документација е завршена, а при крај е и ревизијата на техничката документација, и се чека одговор од една од надлежните институции за проектната документација. Во годишната Програма на МОН предвидени се средства за новата учулишна зграда, но се очекува завршување на постапките за почнување со градбата.

Изградба на новото училиште во Визбегово во Општина Бутел, Адеми појасни дека и за овој проект  процедурата е во тек, а се чека само одобрението за изградба на училиштето од Општината за да се почне од изградба на објектот.

Во Мала Речица, исто така, рече со предлог измените и дополнувања на Буџетот, предвидени се средства за оваа намеа, и што се усвојат ќе се објави јавна набавкла за озградба и на училиште во ова место.