Македонија се враќа на меѓународната сцена, со зајакнато учество и активности во меѓународните тела, вклучувајќи го и УНЕСКО, истакнал денеска министерот Едмонд Адеми.
– Од 2017 година земјата се стреми да има активна улога во севкупните процеси во Огранизацијата, како дел од нашата насоченост кон функционална мултилатерална соработка, рекол министерот задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Адемин на обраќањето на 40. Генерална конференција на УНЕСКО.
Од владината прес-служба соопштија дека во својот говор, Адеми уште еднаш ја потврдил посветеноста на нашата земја кон вредностите и одлучувачката универзална улога на УНЕСКО во културата, образованието, науката и комуникациите.
– Ја зајакнуваме нашата вклученост, во многу од овие области, како алатка за постигнување мир и одржлив развој, истакна тој.
Нема информации за „зајакнатата вклученост“ за решавањето на проблемот со дивоградбите во Охрид, кој е под заштита на УНЕСКО и под закана дека ќе ја изгуби заштитата поради ескалација на овој проблем во последниве години.