Ако има второ полувреме од играта од 2001 година, Албанците нема да изгубат, вели потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

Тој предупредува дека „владата на Мицкоски води политики кои се обидуваат да ги вратат Албанците во состојбата пред 2001 година“. Во емисијата Дијалог те Лајми, Адеми рече дека некои македонски аналитичари и политичари отворено зборуваат за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година, односно одмазда кон Албанците, пренесува Glas.mk.

Адеми истакна дека според него, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат заедничка стратегија, договорена во 2022 година, со која се сака исклучување и маргинализација на Албанците во одлучувањето.

– Во јавноста се зборува дека сега следува второто полувреме од играта меѓу Македонците и Албанците, каде што некои тврдат дека Албанците го добиле првото полувреме и сега сакаат да го поништат резултатот, вели Адеми.

Тој е уверен дека оваа битка не може да ја добијат оние што се обидуваат да ги маргинализираат Албанците, бидејќи Македонија денес е поинаква од пред 2001 година.

– Македонија во 2024-2025 е сосема различна и ова не е истата земја како пред војната, заклучи Адеми.