Од денеска на протест се и административците на Судскиот Совет кои бараат да им се исплатат месечните надоместоци во висина од 30% од платата.
Станува збор за 30-тина државни службеници кои се во служба на Советот и досега воопшто не добиле никакво покачување за разлика од судските службеници кои како што рекоа во два наврати платите им се покачени за 35%.
Велат дека ќе продолжат секој ден со протестот додека не им бидат исполнети барањата.