Почитувани,
Имено од причини што ние од јавни службеници преминуваме во административни службеници во рамките на Службата за административни и помошно – технички работи во центрите за социјална работа, длабоко сме изненадени и крајно резигнирани од причини што се чувствуваме дискриминирани во однос на другите вработени кои работат исти работи и се со исто образование.

Во рамките на службата за услуги од социјална заштита односно службата за права на парична помош а со новите измени ќе имаат повисоки плати за околу 4000 денари или конкретно во просек за 22%, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен.
Во септември на овие 22% ќе има и дополнително зголемување од 5%, со што платите во социјалната дејност ќе пораснат за 27 %. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5%.
Сите ние сме овластени и работиме според овластувањето на работи кои се дел од службата за услуги односно парични права а со овие измени ќе бидеме оштетени, што предизвикува големо разочарување и незадоволство кај нас како административните службеници.Сите ние сме дел од иста институција и сме со исти работни задачи со што е извршена класична поделба.

Дел од вработените се помлади соработници со 4 и повеќе годишно искуство со високо образование и 240 кредити кои со порамнувањето од 01.01.2019 земаат пониска плата за околу 700 денари а дополнително ќе бидат оштетени со новото покачување од причини што ќе им се покачува на веќе намалемата плата. Денеска во Клуб на пратеници министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се сретна со дел од вработените од областа на социјалната заштита. Ние како административни службеници сме дискриминирани што нашиот труд не се цени од причини што на нас кога се реализираше реформата измнинатите месеци и денес, при што работевме и ден и ноќ и за време на празници и викенди, не ни е упатено минимум заблагодарување а не и лична мотивираност за нашата посветеност и професионалност. Еве што им кажа на дел од вработените министерката:

„Лично сметам дека овој кадар (се мисли на социјалните работници и останатите даватели на услуги поврзани со дејноста социјална заштита), треба да е мотивиран посветено и професионално да си ја врши работата, бидејќи е клучен за имплементацијата на социјалната реформа којашто ја стартувавме неодамна. Ова се луѓето кои директно работат со лицата во социјален ризик и на нивно извлекување од сиромаштија и заслужуваат вреднување на нивниот труд и посветеност“, додаде Царовска.

Ние се прашуваме кои сме ние. Зарем ние не треба да бидеме мотивирани, зарем ние не сме клучни за имплементација на социјалната реформа, зарем ние не работиме директно со лицата во социјален ризик и не работиме на нивно извлекување од сиромаштијата, зарем ние не заслужуваме вреднување на нашиот труд и посветеност. ШТО СМЕ НИЕ?
За таа цел од МТСП и од МИОА бараме да дејствуваат во надминување на оваа неправилност и деградација во спротивно немаме мотив за спроведување на реформите во јавниот сектор и да го направиме сектор во вистинска служба на граѓаните, се со цел остварување на нашите права согласно законите и Уставот на Република Северна Македонија.
Во спротивно ќе се обратиме до сите домашшни и меѓународни институции и организации за остварување на нашите права и слободи согласно законите, уставот и сите меѓународни правни акти.
Со почит,
Вработени во Служба за административни и помошно – технички работи