Изградени се два крака од фекална канализација во село Чифлик и резервоар за вода од 200 кубни метри во Корешница, истакнал заменик-министерот за екологија, Јани Макрадули на вчерашната маалска средба во Демир Капија, соопшти СДСМ.

– Во рамки на активностите на СДСМ во летниот период, членот на ЦО на СДСМ и заменик министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, вчера попладне, придружуван од градоначалникот на општина Демир Капија беше во посета на Демир Капија на маалска средба со граѓаните од оваа општина. На средбата се разговараше за актуелни теми и потреби со кои се сооочуваат граѓаните од оваа општина. Пред присутните, Макрадули истакна дека преку поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во општина Демир Капија реализирани се значителни проекти од областа на заштитата на животната средина со кои се придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, се вели во соопштението.

Макрадули посочил дека со изградбата на два крака од фекална канализација во село Чифлик и изградба на резервоар за вода од 200 кубни метри за водовод во село Корешница се надминуваат проблемите со водоснабдувањето и отпадните води.

– Се обезбедува почиста животна средина, чиста вода за пиење, што директно влијае на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од овие населени места. СДСМ останува посветена на потребите на граѓаните и токму преку маалските средби се потврдува дека го слуша гласот на граѓаните и ги следи нивните потреби, се вели во соопштението од СДСМ.