Адвокатите на Сашо Мијалков, вкупно четворица, денеска пред скопскиот Кривичен суд информираа дека до израелскиот амбасадор во Загреб кој е надлежен и за Македонија упатиле писмо со известување за последното судско решение за определен притвор на Мијалков.

Адвокатите очекуваат јавно обраќање од израеслкиот дипломат откако судот наведе дека постои опасност за бегство на Мијалков затоа што поранешниот директор на УБК има коненции со тајни служби, а единствено израелските беа посочени директно.

Од обвинителството не ги коментираат наводите на одбраната на Мијалков кој една деценија беше директор на тајната служба УБК. Откако пред три дена Апелација му го укина притворот за Трезор поради понудена гаранција од 11,1 милиони евра во недвижнини, истиот ден реагираше обвинителството и побара и доби нов притвор од скопскиот кривичен суд.