Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по што прва гласаше во скафандер како позитивна од ковид во Собранието, Нина Фити актуелниот член на ИО, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер Фатмир Битиќи – според неофицијалните информации на ТВ 24 од високи партиски извори на СДСМ, се очекува Димитар Ковачевски овој состав да го презентира в понеделник пред ЦО како негови нови потпретседатели.

Во однос на секретарите нема изненадувања, Миле Зечевиќ генерален секретар, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати. ТВ 24 контактираше со дел од имињата кои се изненадување, меѓутоа сите велат дека се ќе се знае в понеделник, но никој не демантира отсечно.