Извештајот на невладината Европската Алијанса за јавно здравство (ЕПХА) е прв обид да се пресмета општествената цена од аерозгадувањето само од возилата.
Според оваа независна студија, здравствените трошоци во европските земји надминуваат 60 милијарди евра годишно, пред сѐ поради токсичниот азотен оксид (НОх) што го испуштаат дизел моторите, како и другите штетни честички.
Овие здравствени трошоци ги сносат даночните обврзници во европски земји преку финансирањето на јавното здравство.
Истражувањето ги зема предвид здравствените трошоци како медицинската поддршка, хоспитализацијата и прераната смрт, а се фокусира само на инфаркти и белодробни заболувања, кои се сметаат за директно поврзани со аерозагадувањето. Меѓутоа, авторите велат дека загадениот воздух има многу пошироко влијание од тоа.
Студијата е спроведена во Германија, Полска, Шпанија, Унгарија, Словенија, Бугарија, Романија и Естонија во 2016 година. Вкупниот износ на здравствените трошоци од штетните последици од аерозагадувањето е 66, 7 милијарди евра годишно, се наведува во извештајот. Вкупно 83 отсто од овој износ се должи на дизел моторите.
Според авторите, цената би можела значајно да се намали доколку се преземат амбициозни мерки доколку се вложува во возила со слаби емисии.
Авторите сметаат и дека ЕУ треба да воведе постриктни регулативи за штетните емисии како и локални иницијативи од типот на забрана на дизелот, данок врз загадувањето и повеќе денови без автомобили. Со поамбициозни политики како електрични и хибридни возила и забрана за сите возила од пред 2014 година, здравствените трошоци би можеле да се намалаат за 80 отсто до 2030.