Разбирам дека постојат потешкотии, но преговорите помеѓу Македонија и Бугарија се од билатерален карактер и мораат да бидат“, рече американската амбасадорка Анџела Агелер во ексклузивното интервју за Канал 5 ТВ во „Вести плус“.
На прашањето на Александар Видиновски за начинот за решавање на спорот со Бугарија, односно прифаќањето на т.н. француски предлог, амбасадорката Агелер вели дека по разговорите со политичарите, кои биле дел од преговорите, ова била најдобрата зделка за земјата.
“Мораат лидерите на двете држави да бидат способни да продолжат понатаму. Тоа е најдобриот интерес за земјата, да се решат меѓусебните разлики, да се исполнат обврските преземни минатото лето и да бидам искрена, јас не бев тука минатото лето. Не бев дел од групата која што го ревидира Францускиот предлог и кои што одлучија да продолжат согласно предлогот, но разговарав не само со американската страна, туку и со овдешните лидери кои што беа дел од преговорите и тие се чувствуваа многу сигурни дека позициите кои беа понудени се најдобрата можна зделка за земјата да продолжи напред со преговорите. Затоа сега прашањето е како да се продолжи кон ЕУ, затоа што тука лежат изворите на сите можности за економски раст на оваа земја кои верувам дека и се потребни и ги сака. Затоа се надевам дека ќе престанеме да гледаме во минатото и гледано од историски контекст да престанеме да се грижиме за поплаките и компомисите во минатото, и наместо тоа да гледаме во иднината. И исто така верувам Александар, многу силно, дека историчарите ќе се навраќаат на овој момент во иднината како на еден многу критичен момент за земјата и ќе гледаат кон лидерите на различните партии и како тие се однесувале, дали да го оправдале нивниот избор или ќе ги презираат.
Во врска со перспективата на односите меѓу двете земји, амбасадорката Агелер со одговор:
“Видете, мислам дека е важно да се знае дека и двајцата новиот премиер и претходниот премиер, бидејќи знаеме дека во Бугарија имаше пет пати избори изминатите две години, но како што споменав новиот премиер како и претходниот, двајцата покажаа намери дека сакаат да ја видат оваа земја како дел од ЕУ и ги држам за збор, но од моја перспектива важно е што оваа земја и нејзиното раководство прават сега, а не што се случува во Софија. И мојата надеж е повторно дека ќе гледаме кон инднината, а не во минатото. И без поплаки, да се фокусираме на она што треба да се направи, како што велиме ние во САД со сета почит во однос на политичкиот и историски контекст, топката е во вашиот агол. Одлуката е на граѓаните и на лидерите на оваа земја да одлучат да го продолжат патот кон ЕУ. И многу е важно дека единствениот начин да се одбегнат притисоците од било кој европски центар или неговите водачи, е придружување на ЕУ. Тоа се моите очекувања за оваа земја.“
Во врска со изјавите на одделни политичари дека може повторно да се преговара за Договорот за добрососедство со Бугарија, Агелер е децидна:
„Европската Унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси. Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле. Амбасадорот на ЕУ овде во Скопје, Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија. Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат. И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки.“
Во врска со најавите на опозицијата дека нема да гласаза уставните измени, американската амбасадорка смета дека политичките партии ќе го препознаат овој клучен момент за европската перспектива на Македонија.
„Па мислам дека тоа е веројатно прашање кое најдобро е упатено до професорот Мицкоски, кој е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на кое навистина не можам да одговорам наместо него. Но, она што можам да го кажам е тоа што го кажав и претходно дека многу се надевам дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за оваа земја и ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации. Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. И тоа е државна цел на оваа земја и речиси 80 проценти од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ. Патот напред е многу јасен и повторно се надевам дека лидерите и избраните функционери, кои беа избрани со цел да ја направат вистинската работа за доброто на своите граѓани, да ги направат тие тешки избори сега и да ја придвижат својата земја напред кон поголема стабилност, просперитет и можности.“, рече меѓу другото амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер во интервјуто на Канал 5, кое го водеше Александар Видиновски.