Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности.
Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вредност пораснала за 10,8%.
Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така, имаат и највисоки просечни цени на становите од 1.692 евра/м²; 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м²
Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во Општина Центар за 1.500.000 евра.
Најскап деловен простор е продаден во Општина Центар за 6.800.000 евра.
Во 2026 година се прогнозира умерен раст со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.
Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6% во споредба со 2024 година.
Регистрирани се 23.470 трансакции (купопродажби) што претставува раст раст од 4%, како и 9.911 закупи, што е зголемување за 17% во однос на претходната година
Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9% во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).
Земјоделското земјиште и шумите учествуваat со 31% во вкупни от број на купопродажби, додека градежното земјиште со 14% бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36%, во споредба со претходната година.
Куќите учествуваат со 13% во вкупниот број на купопродажби, со забележан раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37%.
Анализата покажува дека пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри. Најмногу трансакции се реализирани во Центар 2.414 трансакции, Аеродром 1.963 трансакциии, Карпош 1.791 трансакции.
Највисоката цена за стан по метар квадратен е постигната во Аеродром (3.784 евра/м²).
Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, а највисок скок на просечната цена на станови од инвеститор е забележан во Центар 31%, додека во Охрид има пад од 4%.
Пазарот на закупи во 2025 година бележи вкупна месечна закупнина со вредност од 4 милиони евра.
Во вкупниот број на закупи (9.911), најголемо учество имаат – становите со 35% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15% во споредба со претходната година, потоа следат деловни простори со 34% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24% во споредба со претходната година. Анализата покажува дека постои зголемена побарувачка за изнајмување.
Извештајот претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности, базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп. Годишниот извештај за пазарот на недвижности за 2025 година, е аналитички преглед на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности во Република Северна Македонија за 2025 година, а анализата е базирана на официјални податоци од Регистарот на цени и закуп нини.




