Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Агенцијата за катастар на недвижности во општина Гази Баба.
Како што информираат од владината прес-служба, во Агенцијата ќе бидат промовирани новите поевтини услуги на катастарот за граѓаните.
По посетата и промоцијата премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.