Албанците во Македонија се државотворен елемент, а карактерот на државата е сменет со промената на Уставот, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово.

– Албанците во Македонија се државотворен елемент и карактерот на државата е сменет со промената на Уставот во 2001 година со Охридскиот мировен договор со кој Албанците можат слободно да го користат албанското знаме. Албанскиот јазик е државен јазик. Албанците во Македонија имаат три универзитети, два државни и еден кој функционира како јавно-приватно партнерство со 50 отсто партиципација на државата, вели Ахмети за косовската радио-телевизија.

Како што е познато, Ахмети е прогласен за почесен доктор на еден од трите универзитети на албански јазик во Македонија, кои ги споменува, односно на Државниот универзитет во Тетово.