Претседателските избори и вториот изборен круг, евроатланската интеграција, состојбата во регионот, како и Берлинскиот Самит, беа дел од темите на кои разговарале претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и францускиот амбасадор во земјата Кристиан Тимоние на денешната средба во седиштето на партијата во Тетово.
Претседателот Ахмети ги истакна напорите на Демократската Унија за Интеграција за постигнување успех на 5 мај, бидејќи, како што се вели во соопштението на партијата, вака победник ќе биде земјата и сите граѓани на нашата земја.
-Ние работиме за да се постигне потребиот цензус и да победи заедничкиот консензуален кандидат, истакнал Ахмети.
Ахмети потполно ги отфрлил шпекулациите дека спикерот Талат Џафери може да стане привремен вршител на должност претседател на државата, истакнувајќи дека ниту ДУИ, ниту Албанците се заинтересирани Џафери да стане администратор на следните избори и да создадеме криза која ќе ја ризикува НАТО и ЕУ.
-Напротив, тие што шират вакви шпекулации не и посакуваат добро ниту на ДУИ, ниту на Албанците, ниту пак на граѓаните на ова земја и се против НАТО и ЕУ и јазичната рамноправност, истакнал Ахмети
Ахмети и ДУИ ги повикаа сите граѓани масовно и фамилијарно да излезат и да гласаат на 5 мај во поддршка на заедничкиот консензуален кандидат Пендаровски.
Ахмети оценик дека Берлинскиот самит ги нагласил нивните очекувања за поддршка од Париз и Берлин за добивање на датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ ова година.