Ќе одржат состаноци со другите партнери од Европскиот фронт па ќе ги соопштат следните чекори. Ова беше заклучокот кој за медиумите го споделија од ДУИ, по три часовната дискусија на итниот состанок на Претседателството, кој го свикаа за да разговараат за одлуката на Уставниот суд кој ги отфрли нивните жалби за прегласување на 7 избирачки места. Остануваат на ставот дека е направена неправда кон нивната коалиција.Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание зеде изборниот инжинеринг, каде што од авион, и пред да се поднесуваат приговорите ние сме ја известиле јавноста бидејќи сме имале информации од прва рака на што се состои политичкиот „дил“. Сме ги известиле сите граѓани, сме ги известиле нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела, изјави партискиот портпарол Арбр адеми.
Партискиот лидер Али Ахмети вели дека тие се победници на изборите од 8 мај, но се прават договори кои се на штета на Албанците и кои ќе ги нарушат меѓуетничките односи. Повторното гласање во неколкуте изборни единици, според Ахмети има ризична позадина, но тој вели дека нема дозволат да се реализира стратегија за содавање тензии.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за да добијат двајца пратеници од Европскиот фронт. Овде прашањето не е дали Европскиот фронт загуби или освои два мандата. Европскиот фронт победи на изборите на 8 мај 2024 година. Победата на Фронтот беше запечатена на 8 мај. Сите политички акробации, тајни договори во подруми се неприфатливи и казниви. Затоа што се шминкаат чекор по чекор. И не треба да се толерира ниту еден чекор поназад, туку сите страни да размислуваат. Ги знаеме сите детали за договорите во црвените подруми, политичките договори, а во иднина детално ќе излеземе за сите договори каде што ќе ги приложиме на јавноста, порача ахмети.
Од ДУИ најавија дека ќе консултираат и експерти за одлуката на ДИК за прегласувањето на парламентарните избори.