Исклучително ме радува веста дека носителот на листата на Коалиција на Албанците во Прешевската долина, Шаип Камбери го освои вториот мандат како пратеник во српското Собрание, објави денеска пратеникот во македонското Собрание и претседател на ДУИ, Алија Ахмети.

– Убеден сум дека г. Камбери со своето искуство и храброст ќе продолжи да биде моќен глас во каузата за заштита и унапредување на правата на Албанците во Србија, за која важноста разговаравме и на средбата што ја имавме заедно во март. Му посакувам здравје и просперитет на пратеникот Камбери во мисијата на достоинствена политичка застапеност на Албанците во Србија со што ќе се осигура дека на ова патување не е сам, туку секогаш ќе има поддршка од сите нас, објави Ахмети на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Ахмети, како и неговиот сопартиец и вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби, честитки со слична соджина синоќа објавија и за новиот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Сега на Балканот во три држави има премиер Албанец – во Албанија, Косово и Црна Гора, а вицепремиер и во Република Македонија.