Трибина со граѓаните на Кичево попладнево одржа лидерот на ДУИ Али Ахмети кој беше придружуван од преседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Хазби Лика, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и шефот на Штабот на ДУИ за референдумот за Кичево, министерот за економија Крешник Бектеши.
Преседателот на Собранието Џафери порача дека ЕУ и НАТО се стратешки и дамнешни желби на сите нас и, како што рече, трибините се држат пред се за да се објасни суштината на референдумот.
Лидерот Ахмети посочи дека референдумот на 30 септември значи стратешка цел, силна и сигурна држава, сигурност и иднина за идните генерации.
– За сето ова непрекинато работиме 17 години. Требаше прво да се реши проблемот со Бугарија, потоа дојде компромисот со Грција кој донесе незадоволства кај двете страни, но во него е иднината на сите граѓани без исклучок, бидеќи сме свесни за придобивките што ги носи зачленувањето во ЕУ и НАТО. На 30 септември сите граѓани на Македонија заеднички сплотени ќе гласат за вредности, бидеќи тоа е стратешка цел на сите иако има и сили кои работат против заедничката цел. Затоа сите да излеземе и да гласаме за европска Македонија како чкенка на најмоќниот воен сојуз НАТО, рече Ахмети.
Трибината продолжи со прашања упатени до функционерите на ДУИ кои денеска беа во Кичево.
На прашњето до каде е систематизацијата за административците по Рамковен договор, вицепремиерот Лика одговори дека процесот со првата група е заокружен и дека интензивно се работи да се заокружи и систематизацијата со последната група на административци