Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук.
– Денес преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде, додава Ахмети.
Нагласи дека нема да постапуваат ниту со емоции ниту со еуфорија. – Засекогаш заедно!, напиша Ахмети.